Украина

Продолжуваат жестоките руски напади во Украина

15.10.2023 09:38

Киев јавува за гранатирања во близина на источниот град Авдеевка, петти ден по ред...

Продолжуваат жестоките руски напади во Украина. Киев јавува за гранатирања во близина на источниот град Авдеевка, петти ден по ред. 

Кремељ распоредува дополнителни сили за да го опколи стратешки важниот град во источната област Доњецк, северно од градот Доњецк, кој е под контрола на Русија. Во меѓувреме, од Белата куќа тврдат дека северна Кореја испраќа воена опрема во Москва потребна за војната во Украина.

Објавија сателитски снимки со пратка од илјада контејнери.