Одложена копнената офанзива во Газа поради временски услови
Израелците подготвени за копнена офанзива во газа, временските услови ја одложуваат. Населението доби дополнително време да се евакуира кон југот на Појасот. Ракетните напади продолжуваат, расте бројот на загинати цивили. САД распоредуваат втор носач на авиони во Медитеранот.

Одложена копнената офанзива во Газа која требаше да почне викендов поради временски услови. Израел и натаму трупа сили по должината на Појасот. САД распоредуваат уште еден носач на авиони во медитеранот пред почетокот на офанзивата. Продолжуваат ракетните напади, а населението доби дополнително време да се евакуира кон југот. Расте бројот на загинати цивили. Израелските одбранбени сили негираат дека тие се виновни за вчерашното ракетирање на конвој, во кој загинаа жени и деца. Прстот го вперија во Хамас.
„Ја прегледавме акцијата покажа дека немало удари извршени од израелските одбранбени сили. Се сомневаме дека Хамас го затворил патот. Тие одново докажуваат дека го жртвуваат својот народ. Ставија беспилотни летала на покривите, ставија ракети во подрумите на куќите, во болниците во училиштата. Не им е грижа за народот, зошто не би го затвориле патот?“
Европскиот совет за вторник најави вонреден состанок за состојбата во Израел и Газа. Расте загрижености и револтот кај меѓународната јавност поради страдањата на цивилите во Газа. Пропалестинските протести во светските метрополи не запираат.
„Ова не е добро. Војната не е добра. Мир, мир. ние сакаме мир“, изјави Абдулхамеед Кан, демонстрант.
„Овде сум поради солидарност со невиниот народ во Газа. Тука сум да се осигурам дека ние сме објективни. Нашата влада, треба да ги види двете страни. Има невини луѓе во газа и има невини луѓе од другата страна“, рече Мохмед Алквади, демонстрант.
„Тука сме за да покажеме солидарност со палестинскиот народ, дека тагуваме по него, се солидаризираме со него“, додаде друг демонстрант.
Конфликтот на Израел со милитантите на Хамас ги зголеми тензиите на Блискиот исток. По Хезболах, закани и од Иран. најавуваат одмазда за како што велат воените злосторства што се вршат врз палестинскиот народ.
Маја Стојанова
