Лицата со попреченост бараат поддршка од државата
Додека се реди списокот што се е веќе луксуз, лицата со попреченост, велат дека и помагалата и нивното одржување се двојно поскапени. Посочуваат дека живеат во длабока сиромаштија, бараат поголема поддршка од државата. Веќе две децении во сила е законот за пристапност, но оние кои треба да го спроведат први, не знаат дека има таква правна регулатива, вели Елена Кочоска…

За некои луксуз е октопод и перки од ајкула, за други лутеница, а за лицата со попреченост, излегувањето од дома. Цените на помагалата кои им се неопходни е двојно или тројно повисока од порано. Елена Кочоска, која две и пол децении се бори за сите лица со попреченост, вели граѓаните без попреченост сега се во економска криза, мојата заедница во криза живее со години, сега влезе во длабока сиромаштија. Мерките коишто државата ги предлага не ги зема предвид интересите на заедницата со попреченост.
Обезбедувањето на правото на пристапност не е само за граѓаните со попреченост, законот е на сила 20 години, ретко кој го има спроведено иако дел од делот од стандардите за човекови права, вели ова јасно говори каде во агендата на надлежните се лицата со попреченост. Постојано се зборува за инклузија, на жени, на малцински групи, но не и за лица со попреченост.
За бројот на лицата со попреченост таа не сака да го земе податокот од последниот попис, вели државата не сакала да ги преброи како што треба. Од 20 до 30 проценти во оваа држава се граѓани кои имаат некаква состојба на попреченост, ова е податок од државниот завод за статистика од 2011 година. Тука не се опфатени лицата со интелектуална и психосоцијална попреченост.
Наташа Јанчиќ Менковски
