Тирана

Премиерот Ковачевски утре ќе учествува на Самитот на лидерите на Берлинскиот процес

15.10.2023 17:03

Премиерот Ковачевски утре ќе учествува на Самитот на лидерите на Берлинскиот процес, што ќе се одржи во Тирана. Во состав на владината делегацијата е вицепремиерот Маричиќ...

Премиерот Ковачевски утре ќе учествува на Самитот на лидерите на Берлинскиот процес, што ќе се одржи во Тирана. Во состав на владината делегацијата е вицепремиерот Маричиќ. 

Во агендата на Самитот е интегрирањето на регионов во единствениот пазар на ЕУ, како и поддршката за зелената и дигиталната транзиција. Ќе се разговара и за постигнувањата во рамки на Берлинскиот процес, за заокружувањето на Европската интеграција, како и за влијанието на иницијативата врз регионалната соработка. Ќе се потпише и договор за признавање на професионалните квалификации на медицинските сестри, ветеринарните хирурзи, акушерките и фармацевтите.

На самитот, освен лидерите од регионов, ќе учествуваат германскиот канцелар Шолц, претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет Мишел, како и други европски државници.