Временска прогноза
Променливо облачно и ветровито време
16.10.2023 08:17
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието...

Времето денеска во претпладневните часови ќе биде облачно со локални врнежи од дожд, попладне променливо облачно и свежо. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе достигне 22 степени.
Во Скопје времето во утринските часови ќе биде проследено со врнежи од дожд, преку денот променливо облачно и ветровито. Ќе дува засилен ветер од северен правец.
