Кочанчани најмногу настрадаа од вчерашното невреме
На повеќе локации во градот има поплавени објекти и куќи, откако одводите за атмосферска канализација, не успејаа да ја соберат целата надојдена вода...

Силните врнежи од дожд кои синоќа го зафатија источниот дел на државата, најмногу проблеми им направија на кочанчани. На повеќе локации во градот има поплавени објекти и куќи, откако одводите за атмосферска канализација, не успејаа да ја соберат целата надојдена вода...
„Во континуитет, на секој дожд ги имаме овие проблеми. Гледата купатилото ми е под вода, дворот, се е поплавено“, вели Живко Атанасов, жител на Кочани.
Поплавите во Кочани беа причина за десетина интервенции на противпожарната единица, а интервенираа и дежурните екипи на јавното претпријатие Водовод:
„Имамве интервенција во Трговскиот центар, блок Б за отстранување на запушувањата кои се јавија кај шахтите, како резултат на големите количини вода. Очекуваме дека во наредниот период, ќе немаме вакви проблеми“, вели Љупчо Папазов, директор на ЈП „Водовод“ Кочани.
Силни врнежи од дожд и град синоќа имаше и во Пијанечко -Малешевскиот крај, а под вода беше и Велешко, каде обилните врнежи од дожд предизвикаа хаос низ градските улици.
Засеага штети од поплавите што го зафатија регионот нема пријавено, но тие се очекуваат во наредните денови особено кај земјоделските посеви, бидејќи повеќе ниви во реонот на Чешиново Облешево се под вода.
Оливера Жежова
