Продолжува комисиската расправа за ревизорските извештаи за Онкологија
На претходните две седници, членовите имаа можност да поставуваат прашања до главниот државен ревизор Ацевски и до државниот јавен обвинител Јовески...

Во Комисијата за финансирање и буџет, продолжува расправата за конечните извештаи на Овластениот државен ревизор за 2021-ва, во Клиниката за онкологија. На претходните две седници, членовите имаа можност да поставуваат прашања до главниот државен ревизор Ацевски и до државниот јавен обвинител Јовески. Со ревизијата е утврдено дека има проблем во начинот на кој се водело издавањето на терапијата, лицата кои се ставаат на терапија, набавката и евиденцијата.
Утре пак продолжува со работа и Анкетна комисија за скандалот во Онкологија. На распит се очекува да се појават поранешниот и актуелниот министер за здравство, Венко Филипче и Фатмир Меџити. Претходно беа сослушани ексминистерот за здравство Сали и министерот за внатрешни работи Спасовски. За вечер пред Владата повторно е најавен протест. Се бара брза разрешница на случајот.
