Енергетика

Прекин во испораката на топлинска енергија во дел од Кисела Вода

16.10.2023 09:19

Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина веќе се на терен и интензивно работат на лоцирање на дефектот, со цел истиот да биде изолиран и саниран...

Дефект (губење на вода) на дистрибутивната мрежа предизвика прекин на испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во населбата Кисела Вода.

Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина веќе се на терен и интензивно работат на лоцирање на дефектот, со цел истиот да биде изолиран и саниран.

Поради големината на дефектот, во овој момент невозможно е да се даде прецизна проценка кога тој ќе биде отстранет, но се прават напори редовното снабдување со топлина до сите потрошувачи на споменатите улици да биде воспоставено во најкраток можен временски рок, се неваеува во соопштението на ЕСМ Дистрибуција на топлина.