Македонија

Се шири пожарот во околината на Кондово

16.10.2023 09:27

Пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје се на терен, но немаат пристап до огнот со нивните возила...

Пожарот во околината на Кондово е активен и се шири кон боровата шума, информираат од Центарот за управување со кризи. Пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје се на терен, но немаат пристап до огнот со нивните возила. Распоредени се на позиција од која можат да ги заштитат куќите.

Во зависност од условите, ќе бидат упатени два полициски хеликоптери за гаснење од воздух.