Куманово

Одбележување на денот на Командата за операции

16.10.2023 09:51

Ќе присуствуваат министерката за одбрана Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Ѓурчиновски...

Во кумановската касарна „Боро Менков“, со воена свеченост ќе се одбележи денот на Командата за операции. Ќе присуствуваат министерката за одбрана Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Ѓурчиновски.

Командата за операции е носител на традициите на формирањето на штабот на македонско-кресненското востание во селото Кресна на 17-ти октомври 1887 година, кој е воедно и ден кога е кренато востанието, како еден од значајните историски настани врз кои се темелат традициите на Армијата.