СДСМ знае што понатаму, но не кажува!

27.05.2014 17:49

Неофицијално, во партиското седиште биле повикани сите 34-ца избрани пратеници, но, притисок се вршел врз оние кои сеуште не ги депонирале своите оставки, тоа да го сторат тоа што поскоро...

СДСМ има одлука што понатаму, но, денеска нема да ја соопшти – вели за МТВ, партискиот портпарол Петре Шилегов.

Пратениците вчера не се појавија на првата работна седница на парламентот и не доставиле информација до собраниските служби – што со освоените пратенички мандати.

Сепак, неофицијално, во партиското седиште биле повикани сите 34-ца избрани пратеници, но, притисок се вршел врз оние кои сеуште не ги депонирале своите оставки, тоа да го сторат тоа што поскоро.

Според партиски информаци, дел од избраните пратеници на опозициската сдсм се противеле на одлуката на лидерот заев да депонираат оставки од функциите.барале гаранција од заев дека на следните избори повторно ќе бидат ставени на кандидатските листи. Рекле дека вложиле многу труд и енергија дека ќе ги застапуваат граѓаните па сега е некоректно да се повлечат.

Партиски извори брифираат дека Заев одговорил негативно.

Барањето на пратениците до Заев доаѓа откако тој ги повлече од Собранието со образложение дека техничка влада треба да ги спроведе нови избори.

Брифинзите одат во насока дека пратениците на опозицијата кои не се согласуваат да дадат оставки посочиле оти тоа не е добро за државата и може да доведе до губење на кандидатскиот статус и одземање на препораката  за почеток на преговори со Европската унија.

Раководството на СДСМ, на средбата со делегација на кралството Шведска, со став дека владеачката партија не сакала да спроведе фер избори.

„Заеднички беше констатирано дека е потребно да се прават чекори што ќе придонесат кон нормализирање на институциите на државата се со цел да се овозможи фер политичка борба во Република Македонија, пишува во соопштението на социјал демократите.

 Реагираше ВМРО-ДПМНЕ: Заев и натаму бара алиби за изборниот пораз и личниот го става над државниот интерес.

„Доколку Зоран Заев има најмалку доблест самиот би ја кажал реалноста која секојдневно ја слуша дека со наметнување на бојкот, исклучиво заради задржување на својата партиска фотеља, прави штета на целата држава и обезбедува алиби за тој што не блокира. Свесен е за тоа бидејќи самиот беше против бојкот, кога се однесуваше на неговата градоначалничка фотеља“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Миле А. Ристески