Центарот за управување со кризи.

Се гаснат пожарите кај Велес и Кондово

16.10.2023 10:45

На терен дејствуваат 17 пожарникари со четири ПП возила, заедно со екипа на ЈП Национални шуми, подружница Бабуна и екипа пожарникари од Свети Николе...

Утрово избувна сериозен пожар на отворено меѓу Лозово и Велес, каде што гори претежно квалитетна борова шума. Еден хеликоптер од МВР после  Кондово, ќе интервенира и кај Велес, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.

Околу 11 часот ќе полетаат и двата противпожарни авиона „Ер трактор“ од ДЗС.

Пожарникарите од Велес интервенираат на пожарот на отворен простор помеѓу селата Иванковци и Мамутчево во Општина Велес и кај село Милино во Општина Лозово. На терен дејствуваат 17 пожарникари со четири ПП возила, заедно со екипа на ЈП Национални шуми, подружница Бабуна и екипа пожарникари од Свети Николе.

Во текот на вчерашниот ден противпожарните тимови интервенирале на 52 пожари на отворен простор. Утрово активни пожарите во Општина Македонски Брод, село Белица, Велес и Кондово.

И во Општина Куманово сè уште е активен пожарот кај село Шупли Камен, што во неколку наврати е повторно активиран, каде што гори ниска вегетација и стрниште.