мвр
178 санкции викендот за сообраќајни прекршоци на територија на СВР Битола
16.10.2023 11:35
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 178 возачи, меѓу кои 93 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 26 мерки за возење без возачка дозвола, 13 возачи за управување под дејство на алкохол, 6 санкции за непрописно престигнување. Изречена е една санкција за користење на мобилен телефон при возење.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.
