Пациентите со цистична фиброза на протест, надлежните не ги исполниле ветувањата
Пациентите со цистична фиброза откако излегоа на протест, беа повикани на средба во Министерството за здравство. Им ветија дека лек ќе има, но повторно не дадоа точен датум кога. Добрата информација е дека се обезбедени донации за да се отвори центар за лекување во болницата во Козле...

Пациентите со цистична фиброза добија свежа надеж од министерот за здравство. „Трикафта“ ќе има, но не е сигурно кога. Александар Стамболиски е од оние кои речиси цела година не губат верба дека ќе го добијат лекот до крајот на годината. И тој беше на состанокот кај министерот. Им рекле дека пари има, ќе треба време за да се запазат процедурите.
Родителите на деца со цистична фиброза регираат што нивните деца под 12 години нема да можат да користат модулаторна терапија, иако во некои земји се дава и од две години.
Од Министерството за здравство планирале со пациентите со цистична фиброза и родителите на деца со цистична да се сретнат в четврток, но тие не можејќи да живеат во неизвесност се собраа пред Министерството по што беа викнати на разговор. Освен нова и современа терапија, пациентите добиле уверување и за Центар за цистична фиброза во детската болница Козле.
Од Министерството за здравство им ветиле дека ќе проверат зошто го немаат лекот „Креон“, панкреасни ензими кои им помагаат да се преработи храната во организмот. 12-те пациенти кои примаат модулаторна терапија ќе продолжат да се лекуваат и по Нова година. 130 пациенти во земјава живеат со цистична фиброза.
Наташа Јанчиќ Менковски
