Прилеп

Македонската рурална жена без права

16.10.2023 16:55

Македонија нема пропишани законски права што и следуваат на руралната жена како и на сите вработени жени. Во испитувањата на 9 земји од Европа и балканот, ние сме последни. Парламентот само констатирал дека има потреба од закон, но него го нема..

Кристина Огненоска од селото Милошево се занимава со сточарство и тутунопроизводство. Како млада сака да биде напреден производител, но неопходни се социјална и економска поддршка.

Македонија е на последното место од девет анализирани држави во Европа, дел од Балканот кога станува збор за социоекономските права на руралните жени. Дискриминирани се во однос на другите жени.

Има правилник на Министерството за земјоделство за исплата на 80.000 денари за 9 месеци, но тој е привремен и како социјална помош. Парламентот само констатирал досега дека има потреба од закон.

Руралната жена која е двигател на производството сè уште ги бара правата и се бори против дискриминацијата.

 

Елизабета Митревска