Фантастична трка на Кинтана
Џиро Д,Италија доби нов лидер! Колумбиецот Ригоберто Уран после четири етапи му ја отстапи розовата маичка на својот сонародник Наиро Кинтана.Малиот Колумбиец ( 24 години , висок 167 сантиметри) беше главниот јунак на 16-та, најтешка етапа на годинешниов Џиро.Кинтана имаше одлично возење во крајно екстремни услови.

Џиро Д,Италија доби нов лидер! Колумбиецот Ригоберто Уран после четири етапи му ја отстапи розовата маичка на својот сонародник Наиро Кинтана.Малиот Колумбиец ( 24 години , висок 167 сантиметри) беше главниот јунак на 16-та, најтешка етапа на годинешниов Џиро.Кинтана имаше одлично возење во крајно екстремни услови. На патот од Понте ди Љењо до Вал Мартело белосипедисите беа соочени со три ридски цели со над 2700 метри надморска височина и со целосно зимскиот амбиент со повремени врнежи на снег!Кинтана победничкото возење го започна по индивидуалното искачување на врвот Стелвио на височина од 2748 метри и извонредниот спуст во кој создаде недостижна предност. Во завршницата му се придружи Канаѓанецот Рајдер Хејседал, но без шанса да ја добие етапата. Кинтана победнички мина низ целта во Вал Мартело со резултат, кој го прави нов лидер во трката, бидејќи „Розовата маичка“ Уран, пристигна со заостанување од 4 минути и 12 секунди. Кинтана се здоби со голема шанса да го оствари најголемиот успех во кариерата, да победи во ова 97-мо издание на Џиро!17 етапа ќе се вози утре од Сарнонико до Виторио Венето во должина од 208 километри.
16-та етапа:резултати
1. Наиро Кинтана (Кол) 4 часа, 42 минути, 35 секунди
2. Рајдер Хејседал (Кан) + 0.8 сек.
3. Пјер Ролан (Фра) + 1.13 мин.
Генерален пласман:
1.Наиро Кинтана (Кол) –
2.Ригоберто Уран (Кол) + 1.41 мин.
3.Кадел Еванс (Австрал) + 3.21 мин.
