Тамара Грујеска со „Кажи ми, кажи ми кој“ на Јуниорски Евросонг 2023
Тамара Грујеска со песната „Кажи ми, кажи ми кој“ чиј автор е Роберт Билбилов, микс и мастеринг Дарко Димитров и Роберт Билбилов, а текстот на Роберт Билбилов и Коста Петров, на евровизиската сцена ќе застане на 26-ти ноември во Ница...

Готов е видеоспотот за песната која годинава ќе нè претставува на 21-то издание на Јуниорскиот Евросонг.
Тамара Грујеска со песната „Кажи ми, кажи ми кој“ чиј автор е Роберт Билбилов, микс и мастеринг Дарко Димитров и Роберт Билбилов, а текстот на Роберт Билбилов и Коста Петров, на евровизиската сцена ќе застане на 26-ти ноември во Ница, по победата која Лисандро и ја донесе на Франција.
Францускиот национален сервис како домаќин и ЕБУ ветуваат одлична програма. Директен пренос од спектакуларното шоу кое го подготвуваат домаќините ќе има и на програмите на Македонската радио-телевизија.
