Потпишан Договорот за признавање на професионалните квалификации на медицинските сестри, ветеринарните хирурзи, акушерки и фармацевти
Овој договор е продолжување на заложбите од последниот Самит на Берлински процес кога лидерите на земјите од Западен Балкан, усогласија признавање на професионалните квалификации на докторите по медицина, докторите по дентална медицина и архитектите во контекст на договорот за слободна трговија.

Лидерите на земјите од Западен Балкан во Тирана, денеска на Самитот во рамките на Берлинскиот процес, потпишаа Договор за меѓусебно признавање на професионалните квалификации на медицинските сестри, ветеринарните хирурзи, акушерките и фармацевтите во контекст на Договорот за слободна трговија.
Овој договор е продолжување на заложбите од последниот Самит на Берлински процес кога лидерите на земјите од Западен Балкан, усогласија признавање на професионалните квалификации на докторите по медицина, докторите по дентална медицина и архитектите во контекст на договорот за слободна трговија.
Со овој Договор се поттикнува мобилноста на стручните лица преку усогласување на вештините со потребите на пазарот на труд, истакнувајќи ги целите за промовирање на хармонизација на регулативата и приближување кон правото на Европската Унија.
Целта на овој Договор е да се воспостави автоматско признавање на професионалните квалификации врз основа на условите за обука и да се примени на сите регулирани професии утврдени во Договорот и ЕУ Директивата. Ваквото регулирање дозволува мобилност со олеснети административни бариери.
Ваквите договори сè уште една потврда за важноста на Берлинскиот процес, кој континуирано придонесува да се унапреди соработката помеѓу Владите на Западен Балкан и да се иницираат форми на заедничко поврзување, а за тоа е доказ и Декларацијата на лидерите од Западен Балкан за заедничкиот регионален пазар како катализатор за подлабока регионална економска интеграција, стои во соопштението до Влада.
