Придобивки од чајот од цимет
Пиењето чај од цимет помага при прочистувањето на телото, намалување на шеќерот во крвта, помага во слабеењето и регулира менструалниот циклус кај жените.

Циметот поседува и својства за опуштање. Неговиот силен мирис е еден од најдобрите опции кога станува збор за мирис дома, канцеларија или автомобил. Тој е корисен и при ублажување на гастричното растројство, бидејќи е богат со магнезиум, железо, калциум, растителни влакна, како и витамини Ц и Б1.
Пиењето чај од цимет помага при прочистувањето на телото, намалување на шеќерот во крвта, помага во слабеењето и регулира менструалниот циклус кај жените.
Најдобар начин да се уживаат придобивките од циметот е преку чај. Ова се должи на процесот на варење, преку кој циметот ги ослободува најздравите својства. Чајот од цимет содржи многу антиоксиданти кои се борат против слободните радикали. Чајот од цимет може и да го подобри здравјето на вашето срце со отстранување на вишокот холестерол од крвните садови. Состојките во циметот придонесуваат за побрзо разградување на јаглехидратите и притоа го спречуваат зголемувањето на шеќерот во крвта особено по оброците.
Чајот од цимет може да ви помогне да ги намалите телесните масти, но овој пијалак може да содржи и високи нивоа на кумарин. Според истражувањата, главната состојка на циметот го спречува растот на разни бактерии, габи и мувла. Освен тоа, циметот се препорачува и како средство во борба против лошиот здив.