Собрание

Филипче и Меџити денеска ќе бидат сослушани пред Анкетната комисија за случајот „Онкологија“

17.10.2023 08:20

Поранешниот и актуелниот министер за здравство Филипче и Меџити денеска пред собраниската Анкетна комисија за случајот „Онкологија“.

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче и актуелниот Фатмир Меџити денеска ќе бидат сослушани пред Анкетната комисија за скандалот во Онкологија. Претходно пред Анкетната комисија треба да ја утврди политичка одговорност за скандалот со терапијата на Онкологија, беа сослушани ексминистерот за здравство Сали и министерот за внатрешни работи Спасовски.

Пратениците во потрага по вистината – кој делел терапија под рака наменета за болните од рак. За скандалот на Онкологија Јавното обвинителство се уште води истрага.