Ликовна изложба „Регенерација“ во Младинскиот културен центар во Скопје
Ликовната изложба „Регенерација“ на авторките Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска ќе биде отворена во среда, 18 октомври 2023 во 20 часот во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје...

Ликовната изложба „Регенерација“ на авторките Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска ќе биде отворена во среда, 18 октомври 2023 во 20 часот во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје. Љубителите на уметноста ќе можат да ја посетата до 30 октомври.
Преку своите дела трите авторки се осврнуваат на периодот полн со промени во начинот на живеење предизвикани од пандемијата Ковид 19, кој неизбежно се рефлектираше во нивните дела. Тие ја преиспитуваат релацијата на видливиот свет со невидливите опасности. Се однесува на сопствената трансформација, како и на емоциите и чувствата поттикнати од промените на животниот тек предизвикани од пандемијата и новите наметнати стандарди во секојдневното живеење, и воедно, го преиспитува сопствениот обновувачки процес (регенерација) од настанатата ситуација.
