свет
Убиен маж во Брисел кој се сомничи дека застрелал две лица од Шведска
17.10.2023 09:39
Во 45 годишниот осомничен маж било пукано по интензивна потрага, по што им подлегнал на повредите...

Белгиската полиција го ликвидираше осомничениот за вооружениот напад во Брисел во кој загинаа двајца шведски државјани. Во 45 годишниот осомничен маж било пукано по интензивна потрага, по што им подлегнал на повредите.
Од белгиското МВР изјавија дека автоматската пушка пронајдена во близина каде што бил застрелан осомничениот е истото оружје што беше употребено во нападот во вчера. Белгискиот премиер претходно изјави дека осомничениот е маж со туниско потекло кој илегално живеел во Белгија.
Мерките за безбедност во европската престолнина се зголемени на голем број чувствителни локации, особено оние поврзани со шведската заедница.
