Сообраќај

МВР: 241 санкции за брзо возење на територијата на цела држава

17.10.2023 09:41

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 241 возач, извести МВР.

Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 124 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 117 надвор од населено место.

Оттаму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.