МЗТ Скопје убедливо ја почна одбраната на титулата
Кошаркарите на МЗТ Скопје славеа против Работнички со 96 : 79 во првиот финален натпревар од “плеј оф“ серијата за шампионската титула. во серијата до 3 добиени средби, 14 кратниот првак одигра на ниво само една ипол четвртина, а се друго на страната на бранителот на титулата. Почетокот му припадна на тимот од градскиот парк со 7 постигнати поени за 2 ипол минути игра, предводен од Соколов кој партиципираше со 5, а до 6 минута зголеми на 13 : 5.

Кошаркарите на МЗТ Скопје славеа против Работнички со 96 : 79 во првиот финален натпревар од “плеј оф“ серијата за шампионската титула. во серијата до 3 добиени средби, 14 кратниот првак одигра на ниво само една ипол четвртина, а се друго на страната на бранителот на титулата. Почетокот му припадна на тимот од градскиот парк со 7 постигнати поени за 2 ипол минути игра, предводен од Соколов кој партиципираше со 5, а до 6 минута зголеми на 13 : 5. Шампионот одговори со десет поени и прво водство од 15 : 13, но најтрофејниот македонски клуб одново ја врати резултатската контрола и ја заврши четвртината со 26 : 21. Водството го одржуваше до средината на втората кога имаше 39 : 31, кога металците заиграа поагресивно во одбрана, што резултира со лесни поени од транзиција. Свои моменти имаше Гечевски, кој заедно со Стојановски и Синовец беа двоцифрени уште на полувремето, за серијата од 13 поени и преземање на предноста која до паузата се издигна до 49 : 41.
Идентично продолжи третиот период, во кој освен стартните поени на Икониќ, МЗТ Скопје направи нова двоцифрена серија за 60 : 43, кога домашните доминираа во офанзивиот скок, што беше увертира во високата предност. Сликата не се промени ни во завршните десет минути кога освен Соколов кој оствари 19 поени и 5 скокови, Работнички немаше расположен кошаркар. Дури откако шампионот направи предност над 20 поени 79 : 58, на Соколов му се приклучи и Симоновски, кој заврши со 4 тројки и 16 поени. До крајот ривалот не дозволи драстично намалување на предноста и се избори за првата победа. Кај двојниот шампион Стојановски и Синовец завршија со по 19 поени и по 5 скокови, Гечевски 16 поени, а Маринковиќ од клупата со “дабл дабл“ изразен со 12 поени и 10 скокови. Во тимската статистика МЗТ доминираше под кошот со 12 скокови повеќе, имаше само 6 загубени топки или двојно помалку од Работнички, а во нападот 20 асистенции, одново двојно повеќе од вечниот ривал.
Вториот финален меч во серијата до 3 добиени се игра задутре во “Борис Трајковски“ со почеток во 19.30 часот, кога домаќин на хартија ќе биде Работнички.
