Русија
Украина нападна аеродроми на територии окупирани од Русија
17.10.2023 11:34
Украинските сили извршија напади врз аеродроми и опрема во близина на Луганск и Бердјанск, но се влошува состојбата долж источниот фронт...

Украинските сили извршија напади врз аеродроми и опрема во близина на Луганск и Бердјанск, но се влошува состојбата долж источниот фронт. Москва тврди дека Киев претрпел големи загуби во контраофанзивата.
Во меѓувреме, Русија најави повлекување од ратификацијата на Договорот за забрана на нуклеарни тестови.
Од руската Дума велат дека Москва го ратификувала договорот во 2000 година, додека Вашингтон не го направил тоа поради својот неодговорен однос кон глобалните безбедносни прашања. Сепак, земјата ќе остане потписник и ќе продолжи да соработува.
