Кина

Во Пекинг почнува Третиот меѓународен форум „Појас и пат“

17.10.2023 11:36

Покрај шефовите на влади и држави од 130 земји, како и претставници на 30 меѓународни организации, на форумот присуствува и генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш...

Во Пекинг почнува Третиот меѓународен форум „Појас и пат“. Покрај шефовите на влади и држави од 130 земји, како и претставници на 30 меѓународни организации, на форумот присуствува и генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш.

Кина се надева оти геополитичкиот проект на претседателот Кси ќе помогне во зајакнувањето на кинеската меѓународна позиција. Меѓу гостите и рускиот претседател Путин и шефот на руското МНР Лавров.