Македонија
Маричиќ го осуди терористичкиот напад во Брисел
17.10.2023 12:31
Вицепремиерот информира дека македонската делегација во Брисел, која е таму за скрининг-процесот, не е загрозена...

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ го осуди терористичкиот напад во Брисел, во којшто имаше двајца убиени и еден ранет.
„Срцето на Европа е повторно цел на тероризам и радикализам, што претставува директен напад врз европските и демократски вредности на Европа, врз нејзиниот мир и безбедност“, напиша Маричиќ, кој порача дека земјава стои заедно со европските партнери, обединети во борбата со тероризмот.
Вицепремиерот информира дека македонската делегација во Брисел, која е таму за скрининг-процесот, не е загрозена.
