15 милиони денари субвенции за набавка на добиток

28.05.2014 09:34

Вкупно 15 милиони денари субвенции фармерите ќе добијат за набавка на добиток, и еден милион денари за пчелни матици. Средства се издвоени и за другите категории во сточарството...

Сточарите кои имаат од една до 100 крави ќе добиваат по 2.800 денари по животно. За повеќе добиток субвенцијата процентуално ќе се намалува.

За обележаните овци од сите категории, државната финансиска помош по грло изнесува 1.000 денари и тоа најмалку за 30 овци,а за сочувано женско јагне по 700 денари на возраст од шест до 18 месеци до 31 октомври годинава.

Финансиската поддршка  е иста и во козарството, со тоа што фармерите треба да имаат минимум 10 кози.

За произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко во регистрирани преработувачки капацитети од октомври 2013-та до септември 2014-та година млекопроизводителите добиваат и по 3,5 денари по литар.

 

Методија Трајков