Османи: Топката за ЕУ е кај нас, уверен сум дека ќе поминат уставните измени
По завршувањето на Самитот на Берлинскиот процес, шефот на македонската дипломатија Османи, оцени дека е потребна поголема интеграција пред полноправното членство во ЕУ. Ова значи и пристап до фондовите и до заедничкиот пазар. Според него, на Самитот во Тирана се случила историска пресвртница...

Исходот од гласањето за уставните измени ќе одлучи, дали Македонија во европските интеграции ќе продолжи заедно со Албанија или ќе дојде до одвојување, став на министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Топката е сега кај нас, а прашањето за тоа дали ќе има уставни измени треба да ѝ се постави на опозицијата, вели Османи, кој изрази оптимизам дека уставните промени сепак ќе се изгласаат.
Не смее повеќе да се одолговлекува пристапниот процес за Македонија и Западниот Балкан, став на дел од експертската јавност. Кредибилитетот на Европската унија е нарушен, потребните критериуми се исполнети, но немаше кој да испорача од другата страна, оценува поранешниот вицепремиер за европски прашања, Васко Наумовски.
По Самитот на Берлинскиот процес, од македонското Министерство за надворешни работи со став дека е потребна и поголема интеграција во Европската унија пред полноправното членство, како пристап до фондовите и заедничкиот пазар.
Марија Котовска
