Од денеска учениците ќе знаат кој ден ќе погалаат екстерно
28.05.2014 09:40
Училиштата три дена пред секое тестирање ќе објават распореди со предметот кој ќе го полагаат учениците...

Oсновните и средните училишта ги објавија распоредите со име и презиме на учениците и датум и час на полагање на предметите од екстерното тестирање, за учениците да знаат кога ќе полагаат.
Училиштата три дена пред секое тестирање ќе објават распореди со предметот кој ќе го полагаат учениците. Учениците ќе бидат тестирани по два предмети кои се дел од наставната програма.
Екстерното тестирање ќе се одржи од втори до 10 јуни, кое ќе опфати вкупно 189.037 ученици од четврто одделение до трета година во средно образование, како и 18.126 наставници во 680 основни и средни училишта.Anchor
Целиот процес ќе го следат вкупно 638 набљудувачи, а ќе бидат ангажирани и 175 администратори.
