Партиите почнуваат со разгледување на можен датум за избори
Политичките партии почнуваат со разгледување на можен датум за избори. Според Бујар Османи, ДУИ нема проблем со кој било ден. ВМРО-ДПМНЕ образложува дека логично е претседателските и парламентарните избори да се одржат заедно во мај или не подоцна од крајот на јуни...

Политичките партии почнуваат со разгледување на можен датум за избори. Досега, датумот се одредувал со консензус на сите партии, па политичарите се надеваат оти така ќе биде и овој пат. Според Бујар Османи, ДУИ нема проблем со кој било ден, бидејќи вели дека неговата партија има одличен рејтинг.
За разлика од него, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ образложува дека логично е претседателските и парламентарните избори да се одржат заедно во мај или не подоцна од крајот на јуни.
Мицкоски вели дека според Уставот, последниот рок на кој би се одржале парламентарните избори е 30-ти јуни. Правилата налагаат дека мандатот на последниот политички состав, важи до изборот на нов, но не повеќе од 4 години. Имајќи предвид дека 4-ти август 2020 година е формиран Парламентот и од тогаш почнува да важи мандатот на актуелниот политички состав, значи дека на 3-ти август мора да имаме нов пратенички состав, вели Мицкоски.
Катерина Топалова
