„Саем за транспорт- товарни возила“ до 31 мај на Скопски саем
28.05.2014 09:52
Саемот обезбедува богат избор на возила со висок квалитет, модерен дизајн, економични со достапни цени, долговечна употреба и ниски трошоци за одржување...

На надворешниот изложбен простор на Скопски саем, на вкупна површина од 2.500 метри квадратни, од денес до 31 мај, на Саемот за транспорт- товарни возила, ќе се претстават импортерите на товарни и комерцијални возила, компании кои вршат услужни дејности и компании од пратечката индустрија за товарните возила. Волво, Сканиа, Ивеко, МАН, Отокар, Мерцедз бенз, Сетра, ... се само некои од компаниите учеснички.
Саемот обезбедува богат избор на возила со висок квалитет, модерен дизајн, економични со достапни цени, долговечна употреба и ниски трошоци за одржување, велат организаторите.
Очекуваме дека богатата понуда на товарни и комерцијални возила ќе биде од интерес за транспортно-логистичките компании. Ги покануваме да го посетат овој саем со специјализирана понуда, соопшти ЕРА Групацијата.
Работното време на саемот е 10 до 18 часот, а влезот е бесплатен.
Партнер на манифестацијата е СИЗ Македонија сообраќај – АМЕРИТ, најстарата транспортна асоцијација во Република Македонија.
