Фудбал

Македонија ќе игра во елитната фаза квалификации за пласман на ЕП

17.10.2023 19:47

Во својот трет натпревар македонската фудбалска репрезентација за играчи до 19 години на квалификацискиот турнир во Полска ремизираше со селекцијата на Казахстан (1:1)...

Во својот трет натпревар македонската фудбалска репрезентација за играчи до 19 години на квалификацискиот турнир во Полска ремизираше со селекцијата на Казахстан (1:1).

Младите фудбалери го освоија второто место во групата 5 со четири освоени бода. Избраниците на селекторот Тони Јакимовски во првото коло ја совладаа Полска со 2:0, потоа во второто коло загубија од Германија, која го освои првото место со 3:1, и денеска ремизираа со аутсајдерот Казахстан играјќи 1:1. До голот кој ги однесе во елитните квалификации, младите фудбалери дојдоа во завршницата, поточно во 81-вата минута. Стрелец на голот за Македонија беше Зенделовски.

Македонија ќе биде дел од жрепката во декември за елитната фаза квалификации за пласман на Европското првенство кое ќе се одржи од 15 до 28 јули 2024 година во Северна Ирска.