Србија
Косовската претседателка Османи бара казнени мерки за Србија
17.10.2023 20:17
Косовската претседателка Османи бара казнени мерки за Србија, откако Брисел ќе ги заврши процедурите за потврдување на деталите за настаните од 24 - ти септември во Бањска...

Косовската претседателка Османи бара казнени мерки за Србија, откако Брисел ќе ги заврши процедурите за потврдување на деталите за настаните од 24 септември во Бањска.
Според неа дијалогот Белград-Приштина кој се води 12 години е ставен под прашање. Таа рече дека Косово не бара санкции бидејќи секоја земја-членка има право на вето во Советот на ЕУ.
Во нападите на северот на Косово во септември загина полицаец и вооружени напаѓачи од српска националност.
