Премиерот Ковачевски ќе ја посети компанијата „Вивакс“
На настанот покрај премиерот Ковачевски, ќе присуствуваат и амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, како и заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска ќе ја посети компанијата „Вивакс“. На настанот покрај премиерот Ковачевски, ќе присуствуваат и амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, како и заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.
Како што соопштуваат од владината прес-служба, по обиколката на производствените капацитети, предвидени се изјави за медиумите.
