Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди
18.10.2023 08:08
Во текот на денот ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди...

Во утринските часови во јужните делови ќе има локален дожд. Во текот на денот ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени, а максималната ќе достигне 19 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне со повеќе сончеви периоди.
