Скопје

Црвен Крст со симулациска вежба насловена „Хуманитерен одговор 2023“

18.10.2023 08:27

Вежбата за управување со последици е насловена „Хуманитарен одговор 2023“...

Црвениот крст денеска во Скопје одржува симулациска вежба по прва помош во итна ситуација – земјотрес. Вежбата за управување со последици е насловена „Хуманитарен одговор 2023“.

Се организира под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, како резултат на одбележување на 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, како и зачестените катастрофи во земјата и регионот.