МНР

МНР со повик да се избегнува Либан

18.10.2023 09:57

Македонското МНР ги повика македонските државјани да не патуваат во Либан, а доколку во моментов се таму да ја напуштат државата...

Македонското МНР ги повика македонските државјани да не патуваат во Либан, а доколку во моментов се таму да ја напуштат државата.

Потсетуваат дека земјава нема дипломатско и конзуларно претставништво со Либан што ги отежнува можностите за асистенција при евентуална евакуација, доколку дојде до влошување на без безбедносната состојба.

Ги повикуваат македонските државјани кои се наоѓаат во Либан итно да го пријават присуството и локацијата на дежурните телефони во амбасадата во Каиро и Тел Авив.