Свет

Протести низ арапскиот свет

18.10.2023 11:38

Стотици луѓе излегоа на улиците низ Западниот Брег во знак на протест против експлозијата во болницата во Газа...

Стотици луѓе излегоа на улиците низ Западниот Брег во знак на протест против експлозијата во болницата во Газа.

Во Рамала демонстрантите побараа претседателот Абас да биде симнат од власт поради неговата неактивна улога во конфликтот.

Антивоени и антиизраелски протести се одржаа во неколку земји од арапскиот свет.

На протестот во Техеран запалено израелското и знамето на САД. Во Јордан, десетици луѓе се обидоа насилно да влезат во израелската амбасада. Полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата.