Руско - украински конфликт
Жестоки гранатирања на цивилни објекти во Украина
18.10.2023 11:56
Загинати и повредени во руски ракетен напад врз станбени објекти во Запорожје. Продолжува операцијата за пребарување и спасување...

Загинати и повредени во руски ракетен напад врз станбени објекти во Запорожје. Продолжува операцијата за пребарување и спасување.
Тревога за воздушен напад беше прогласена и во регионот на Дњепар, Керсон и Миколае. Министерството за одбрана на Русија соопшти дека во текот на ноќта, над територијата на неколку руски региони биле пресретнати 28 украински беспилотни летала.
Украинскиот претседател потврди дека користеле ракети со долг дострел на Армискиот тактички ракетен систем, што Вашингтон му ги доставила на Киев.
