Кина

Во Пекинг отворен третиот меѓународен форум „Појас и пат“

18.10.2023 12:03

Покрај шефовите на влади и држави од 130 земји, како и претставници на 30 меѓународни организации, на форумот присуствува и генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш...

Во Пекинг се одржува третиот меѓународен форум „Појас и пат“. Покрај шефовите на влади и држави од 130 земји, како и претставници на 30 меѓународни организации, на форумот присуствува и генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш.

Меѓу гостите и рускиот претседател. Путин истакна дека кинеската иницијатива е во согласност со руските идеи за формирање на голем евроазиски простор.

На маргините на форумот одржани голем број билатерални средби.