ДЗР
ДЗР бара предлози кои институции да бидат предмет на ревизија во 2024
18.10.2023 12:31
Државната ревизија упати повик до сите засегнати страни да достават предлози кои институции што се од јавен интерес да бидат предмет на ревизија и да се стават во годишната програма за работа на ДЗР за 2024 година...

Државната ревизија упати повик до сите засегнати страни да достават предлози кои институции што се од јавен интерес да бидат предмет на ревизија и да се стават во годишната програма за работа на ДЗР за 2024 година.
Одговорното, отчетното и транспарентното работење се темелните вредности на Државниот завод за ревизија, како врховна ревизорска институција во државата“, велат од Заводот.
Барањата и предлозите можат да се достават во хартиена форма или пак електронски на веб страницата на ДЗР најдоцна до 15-ти ноември.
