Куманово

Продолжуваат протестите на пензионерите

18.10.2023 12:49

Продолжуваат протестите на пензионерите. Се протестира во неколку градови. Тие не се откажуваат од линеарно зголемување од 5.000 денари, а минималната пензија да биде 20.000 денари. Најавуваат и средби со претставниците на амбасадите …

Линеарно зголемување од 5.000 денари и минимална пензија од 20.000 денари, бараат пензионерите. Незадоволни од последното покачување на пензиите, не се откажуваат од протестите. Се протестираше во неколку градови низ земјава. Во Куманово пензионерите револтот го изразија од просториите на здружението од кое имаат поддршка. Оваа група граѓани велат не можат да преживеат со сегашните средства, бидејќи храната, основните продукти и лековите, се значајно покачени. Бараат и средби со претставниците на амбасадите, бидејќи надлежните засега не ги слушаат нивните барања.

Се протестираше и во Струмица и Свети Николе. Во Струмица се блокираше излезот на градот. И овие пензионери се незадоволни од процентуалното зголемување на пензиите.

Протестите на пензионерите низ градовите ќе продолжат се до исполнување на нивните барања.

 

Елена Георгиевска