Политика

Домашната работа мора да се заврши за влез во ЕУ

18.10.2023 14:52

Македонија ја има поддршката за интеграција, но домашната работа мора да се заврши, рече Гир. Шефот на Владата очекува процесот да биде завршен онака како што е наведено во преговарачката рамка, односно да се внесат Бугарите во највисокиот правен акт...

Премиерот Ковачевски и евроамбасадорот Гир на иста линија дека напредокот на земјава за членство во Европската унија зависи исклучиво од нас самите. Тоа е единствено можно само со спроведување на квалитетни реформи и изгласување на уставните измени. Шефот на владата очекува процесот да биде завршен онака како што е наведено во преговарачката рамка, односно да се внесат бугарите во највисокиот правен акт.

Дали Македонија и Албанија ќе одат во пакет во разговорите за членство во Унијата или ќе бидеме изолирани сега зависи од опозицијата – вели шефот на дипломатијата Османи. Вели постојано се разговара со пратениците бидејќи изгласувањето на уставните измени е единствено решение.

Евроамбасадорот Гир посочи дека земјава ја има поддршката за интеграција, но дека домашната работа мора да се заврши.

Премиерот останува на ставот дека ќе има редовни избори, а датумот ќе треба да се одреди во разговорите во работната група, без при тоа да се совпадне вториот круг на претседателските со парламентарните избори. Од ВМРО-ДПМНЕ ќе учествуват во работната група, и за нив 8-ми мај е прифатлив термин за вториот круг претседателски и за парламентарни избори. Спикерот Џафери сè уште без конкретен одговор кога ќе ја свика работната група.

 

Миле Ристески