Симулациска вежба „Хуманитарен одговор 2023“ во Скопје
Денеска, во центарот на Скопје беше направена симулациска вежба, како резултат на одбележување на 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, во организација на Црвен крст и под покровителство на претседателот на државата...

Сирени за тревога. Ранети, жртви, луѓе во паника, евакуација на ученици. Стотици луѓе, хеликоптери над Скопје, акција за постапување во итна ситуација, земјотрес. Да се доловат подготвеноста, капацитетот и координираноста на Црвениот крст при кризни состојби.
Симулациска вежба „Хуманитарен одговор 2023“, во организација на Црвениот крст, 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје.
„Свесни сме дека живееме на трусно подрачје, треба секогаш да бидеме подготвени и институциите и Црвениот крст“, изјави претседателот Пендаровски кој беше покровител на настанот.
Во вежбата учествуваа сите општински организации на Црвениот крст, гости од Србија, Бугарија, Албанија, Црна Гора, Хрватска, Италија и Германија. Настанот беше поддржан од МВР, ЦУК, Дирекцијата за заштита и спасување, здравствени и државни институции и јавниот сервис Македонската радио-телевизија.
Александра Велинова
