Поранешните и актуелните директори на ФЗО пред Анкетната комисија за случајот „Онкологија“
Клиниката може да купува лекови кои не се на позитивната листа, но за тоа мора согласност од Министерството и од Фондот – рече поранешниот директот на ФЗОМ Орхан Рамадани...

Фондот за здравство носи буџет за секоја институција, покрај кој има и условен буџет. Со него Клиниката може да купува лекови кои не се на позитивната листа, но за тоа мора согласност од Министерството и од Фондот – рече поранешниот директот на ФЗОМ Орхан Рамадани. Тој одговараше на прашања: дали скопска Онкологија морала да го праша Фондот пред да набави биолошката терапија, но и дали се вршеле контроли на клиниката.
Поранешниот директор на Фондот Миле Сугарев рече дека контролите на јавните клиники покажале дека 90 насто од нив ненаменски трошеле пари поради што натрупале долгови. Конкретно за Онкологија, Фондот секој месец исплаќал милионски суми во денари за набавка на терапија за онколошките пациенти.
Анита Димитријевска – Велковска
