Измените на Кривичниот законик ќе ја обесхрабрат борбата со корупцијата, став на експертската јавност
Застарувањата на делата кои ќе произлезат од измените на кривичниот законик ќе значат обесхрабрување во борбата со корупцијата, став на дел од експертската јавност. За вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска, застарувањето и запирањето на кривичната постапка во случајот “Таргет-Тврдина“, се резултат на како што вели , калкуланството и неефикасноста на правосудниот систем...

Застарувањата на предметите произлезени од измените на Кривичниот законик претставуваат обесхрабрување во однос на борбата со корупцијата. По расплетот во случајот „Таргет-Тврдина“ за масовното прислушување, каде никој нема да одговора за злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и овластување, дел од експертската јавност критикува дека се дозволило застарување на предметот.
Вицепремиерката за добро владеење Гркова, вината ја лоцира во калкулантството и неефикасноста на судските органи и систем. Таа апелира на одговорност и смета дека сè уште има доволно време случаите од СЈО да се процесираат и да завршат во ефикасна и правична процедура.
Премиерот Ковачевски тврди дека измените на Крвичниот законик се поради усогласување со европското законодавство, а не поради одредени случаи во Македонија, кои како што вели, се наоѓале во постапка и по 10 години. Според него, одговори за застарувањето треба да се бараат од оние што го воделе случајот, а не во измените на Кривичниот законик.
Марија Котовска
