Османи – Амон: Засилена соработка со Штаерска за уште поблиски односи со Австрија
Денес, австрискиот покраински министер за европски и меѓународни прашања, образование и човечки ресурси на Штаерска, Вернер Амон, оствари посета на Северна Македонија, на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи...

Денес, австрискиот покраински министер за европски и меѓународни прашања, образование и човечки ресурси на Штаерска, Вернер Амон, оствари посета на Северна Македонија, на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Министерот Османи искажа целосна подготвеност за натамошна динамика во соработката со Штаерска, надоврзувајќи се на силната економска соработка, која е симбол на долгогодишното партнерство со Австрија, воедно заблагодарувајќи сè што меѓународната агенда на Штаерска e фокусирана токму на Западниот Балкан.
Министерот Османи и штаерскиот министер потпишаа Заедничка декларација за соработка меѓу Република Северна Македонија и Покраината Штаерска (Република Австрија), како и Писмо за намери за пристапување на Република Северна Македонија кон Алпе-Адриа Алијансата, регионална иницијатива, со чија поддршка ќе може да ги користиме програмите и структурите на ЕУ во интерес на нашиот евроинтегративен процес, стои во соопштението од МНР.
