„Пензионерите пеат“ по трет пат во Штип

28.05.2014 10:15

Оваа манифестација има за цел да ги промовира традиционалните песни и ора, но и да покаже дека на луѓето од трето доба, сеуште може да се смета...

Пензионери од десетина здруженија од цела Македонија одржаа концерт во Штип. На концертот беа изведувани староградски нумери.

100-тина пензионерите од 9 здруженија од Македонија во Штип организираа концерт на староградски народни песни.

„Ова е одлична можност да се дружиме и да се запознаеме меѓусебно“, изјави Љупчо Груевски, од Здружението на пензионери од Кичево.

За настапот, повеќето хористи вежбале макотрпно.

„Песните ги вежбаме два – три месеци“, потврди Иван Драјков од  Здружението на пензионери од Неготино.

Изборот на песни беше различен, ама сите беа со призвукот староградски.

„Нашиот крај има карактеристични песни, таква е песната Кога си бевме млади“, рече  Ангелина Темелкова од Здружението на пензионери од Неготино.

„Го заробиле малој моме е карактерситична песна посветена на Гоце Делчев и заслужува да биде изведена овде“ , сметаат Симеон Христовски,  од  Здружението на пензионери Неготино и Панче Ќурчиев, од Здружението на пензионери од Велес.

Инаку, манифестацијата „Пензионерите пеат“ се одржува по трет пат и има за цел да ги промовира традиционалните песни и ора, но и да покаже дека на луѓето од трето доба, сеуште може да се смета.

 

Оливера Жежова