15 дена – 15 гола!
Сега 37-годишниот Роналдо постигна 15 гола на 11 одиграни натпревари на три Светски првенства и тоа 1998, 2002 и 2006...

Бројката 15, колку што има денови до почетокот на 20-то Светско првенство во фудбал, асоцира на бројот на постигнати голови на Бразилецот Роналдо.
Роналдо Луис Назарио де Лима е фудбалерот со најмногу погодоци на мундијалите. Сега 37-годишниот Роналдо постигна 15 гола на 11 одиграни натпревари на три Светски првенства и тоа 1998, 2002 и 2006.
Шанса да го надмине ќе има Германецот Мирослав Клосе кој на 9 меча има 14 погодоци и е во составот на својата репрезентација за претстојниот шампионат во Бразил.
Рекордер според бројот на головите на еден мундијал е Французионот Жис Фонтен кој 1958-та во Шведска дури 13 пати ја погодуваше противничката мрежа. Најдобар просек на голови по меч има Унгарецот Шандор Кочиш, кој на Светското првенство во Швајцарија во 1954-та година, на само пет одиграни натпревари постигна 11 гола.
